Целосно изгаснат пожарот во зградата „папагал“, повредени нема


Пожарот што избувна синоќа во зградата „папагал“ на булеварот „Климент Охридски“ во центарот на Скопје е целосно изгаснат. Повредени нема, опожарен е еден стан, а неколку се оштетени.

Од Противпожарната единица на Град Скопје информираа дека пожарот избувнал синоќа околу 20:30 часот. Противпожарната единици интервенираше пет возила и 11 пожарникари кои прво го локализираа, а околу 23 часот и целосно го изгаснаа пожарот.

Повредени нема. Изгорен е станот во кој избувна пожарот, а неколку соседни станови се оштетени.

Спред првичните сознанија, причина за пожарот била плинска боца.