Целиот опус на Васил Хаџиманов бенд достапен на дигиталните платформи

Комплетната дискографија на прославениот Васил Хаџиманов, и неговиот бенд, сега е достапна на сите дигитални платформи објавени од „Кроација рекордс“. Станува збор за осум албуми кои сега се достапни за луѓето ширум светот.

– Албуми кои секогаш ги поместуваат границите на прогресивната музика, кои музичките критичари ширум светот ги препознаваат и наградуваат највисоките оценки. Албуми кои добиваат одлични критики, кои публиката со голем интерес ги следи во секоја нова изведба, велат од „Кроација рекордс“.

Во последните 20 години, Васил Хаџиманов и неговиот бенд со голем успех ја изведуваат својата музика на концерти и музички фестивали во регионот и низ целиот свет. Сите нивни изданија и нивната музика се прогласени за уметнички дела од културно значење.

Оваа година Васил Хаџиманов ја освои наградата за најдобар џез-пијанист на електричното пијано на 41-те Annual Jazz Station Awards, додека бендот го зазеде второто место во категоријата „најдобра џез група“.