Цели во северен Израел нападнати од либанска територија


Северен Израел изминатата ноќ бил цел на интензивни ракетни напади од либанска територија, на што е одговорено со удари врз „терористичка ќелија“ во јужен Либан, соопштија Израелските одбранбени сили (ИДФ).

Набргу откако во повеќе места во северен Израел се огласија сирените за воздушни напади, ИДФ објави дека „околу 40 ракети се истелани од Либан во областа Мерон, пренесува БТА.

Нема нформации за жртви и материјални штети.