Цела Европа штеди, јавното греење на 19 Целзиусови степени

Сегашната поврзаност на проблемите – руско-украинската војна, инфлацијата, глобалниот недостиг од храна и енергија, должничките кризи во земјите во развој, како и долготрајните влијанија на исклучувањата поврзани со ковид-19 и тесните грла во синџирот на снабдување – можеби е најсериозната криза од сите нив, не само затоа што централните банки не можат да печатат пченица и бензин.
Рускиот прекин на испораката на природен гас за Европа по економските санкции што се воведени поради руско-украинската војна, предизвика невидена енергетска криза низ целиот континент.
Цените на природниот гас на европските пазари се зголемија над десетпати на годишно ниво, достигнувајќи историски високи нивоа – зголемување кое нагло предизвика раст на цените на електричната енергија.
Земјите во Европа преземаат различни мерки како ограничување на цените на енергијата, намалување на даноците, помагање на граѓаните кои имаат потреба од помош и намалување на температурите во јавните згради наспроти рапидно растечките цени на природниот гас и електричната енергија.
Цените на електричната енергија во трговијата на големо во европските земји пораснаа и до осумпати.
Европската Унија и земјите членки се обидуваат да имплементираат различни мерки за заштита на потрошувачите од брзиот пораст на цените и да обезбедат сигурност во снабдувањето со енергија, пренесува Цивил медиа.