Цеце Црнокрак за „Независен“ : Ги зголемив усните!


Годините ништо не и можат. Светлана-Цеце Црнокрак (42), во јавноста препознатлива како совршена со својата висина, зелените очи, со руско-украинско потекло, како дел од модниот свет, презентер на вести, заштитно лице на многу брендови за убавина, мајка, сопруга, и ментор на идните манекени, си исполни дамнешна желба и си ги зголеми усните.

Минималниот есетески зафат со хијалуронска киселина е дискретен, ама сепак се забележува. Со новиот изглед ја приметивме на Модниот викенд-Скопје кој се одржа викендов во Европскиот универзитет.

-Како лице од модната сцена и презентер на вести, многу ми е битен изгледот и шминката. Речиси сама се шминкам, и секогаш ја зголемував со молив и кармин горната усна. Сега не морам да го правам тоа, и многу сум задоволна од зафатот кој го правев во позната естетска ординација во Скопје, ни изјави Црнокрак.

Цеце, веќе со години обрнува внимание и на своето тело, и задоволна е со  исхраната на светски познатиот нутриционист Пјер Дукан.

-Бидејќи сум физички активна (вежбам, возам велосипед, трчам, пливам, скијам…), решив да ја испробам и оваа диета, која е протеинска и најсоодветна и ми одговара.

Водолија сум во хороскоп и сум немирен дух. Сакам да сум постојано во движење, да го работам она што ме исполнува, и професионално и приватно. Сакам позитивни луѓе и се трудам да го користам своето време за убави работи, особено со моето семејство, моите најблиски, пријателите…, вели Светлана. (Л.С.)