Цеца и Анастасија Ражнатовиќ со прв заеднички концерт во Македонија


Мајката и ќерката Цеца и Анастазија Ражнатовиќ со прв заеднички концерт во Македонија, на 11 јуби, во источниот дел од Македонија.

Концертот ќе се одржи во „AQUA PARK“ во Пробиштип, а гости освен од нашата земја, се очекуваат и од соседните земји како Бугарија и Србија.

Пиар-службата на двете музички ѕвезди веќе најавиле дека во Македонија со Цеца и Анастасија ќе пристигнат и членови од нивното најблиско семејство, односно Вељко Ражнатовиќ со неговата сопруга и уште неколкумина други…, и со најсовремена опрема. 

Организаторот на овој музички концерт, „Aqua Park Probistip“ велат дека полека веќе започнуваат подготовките за на 11 јуни. Тие не информираат дека Цеца и Анастасија ќе пеат на можеби најмодерната музичка опрема досега во нашата земја.

„Цеца е перфекционист кога станува збор за звукот, стејџот. Ќе ја донесеме најмодерната техника и веруваме дека ќе имаме концерт налик оние на светските ѕвезди. Интересот е навистина огромен, очекуваме неколку илјадна публика во Пробиштип, а веќе почнаа да резервираат карти и гости до Србија и Бугарија – велат организаторите.

Влезниците од среда (13-ти април) ќе бидат пуштени во продажба, односно ќе можат да се набават онлајн преку мрежата на „www.kupikarta.com“, како и Розе Вер 2, White Horse Скопје и билетарата на Aqua Park Пробиштип.