Царовска: За првпат законски гарантираме инклузивни учебници


Законот за учебници ги зема во предвид сите социјални структури, рече министерката за образование и наука Мила Царовска во вечерашното гостување на ТВ 24.

“За прв пат добиваме закон во кој што јасно и прецизноно стои дека училиштата треба да обезбедат дигитален уред за учениците, но исто така за учениците коишто не можат да обезбедат дигитален уред, да ги добијат учебниците во печатена форма. За првпат станува збор за законски гарантирање на инклузивни учебници, или да имаме аудио верзија на тој учебник и да имаме учебник на Брајово писмо”, рече Царовска.

Министерката вели дека Законот за учебници и останати наставни материјали за првпат утврдува можност за избор, автономно одлучување на наставникот каков учебник ќе користи, сите одобрени од платформи кои се поставени од Бирото за развој на образованието.  Дополнително имаме и дигитализација на учебниците во поголемите одделенија, за првпат имаме дигитални учебници за четврто одделение од наредната учебна година, изјави министерката за образование Мила Царовска.