Царовска: Скринингот го координира Министерството за здравство – не се знае кога ќе почне
Нема информации кога ќе почне скринингот на 8.200 ученици во основните и средните училишта, што од Министерството за здравство беше најавен за почетокот на оваа недела. Преку регистарот во Е-дневник по случаен избор тие треба да бидат тестирани на Ковид-19, со согласност од нивните родители, за да се се добијат податоци дали има пренесување на вирусот во училиштата.
Министерката за образование и наука Мила Царовска и денеска изјави дека е во постојана координација со Министерството за здравство и ќе бидат навреме соопштение детали за скринингот.
-МОН е во координација со Министерството за здравство кое е надлежно за координација на овој процес. Во моментот кога институциите ќе имаат нови информации, јавноста ќе биде навремено известена, рече Царовска одговарајќи на новинарски прашања по отворањето на регионалната конференција „Училиштата се среќаваат со компаниите“.