Бузалковски го освои бронзениот медал на Европскиот шампионат 2025

Македонецот Христијан Бузалковски го освои третото место во генералниот пласман на Европскиот шампионат во моторциклизам.
Бузалковски беше го 5. место на саботната трка а поради дефект неделната трка на патеката „СловакиаРинг“ во Словачка не ја заврши.
– Ја извозевме нашата најдобра сезона до сега. Речиси секоја трка бевме на подиумот на Европскиот шампионат или во борба за истиот. Покажавме дека можеме да се бориме рамо до рамо со европските тимови. Среќен сум што и оваа година го повторивме и подобривме успехот од 2023 и освоивме бронзен медал повторно но овој пат бевме во тесна трка за второто место во генералниот шампионат но поради дефект во неделата не бевме во позиција да се бориме за втората позиција. Нашата цел за следната сезона е јасна и едвај чекаме да почне, информираат од тимот на Бузалковски.
Оваа година Бузалковски освои рекордни осум подиуми на ФИМ Европскиот шампионат од извозени 12 трки.