Бузаку за ,,Независен”: Не сакам со сила да влезам во ИВЗ

Иако вчера рече дека од денеска ќе го преземе ИВЗ, Скендер Бузаку не се појави во седиштето на Исламската верска заедница на Бит-пазар.

Тој во изјава за „Независен”, истакна дека не сака да предизвика проблеми и дека на институционален начин ќе ги средат работите. Според него, одлуката за негово именување за реис на ИВЗ излезе во „Службени весник“ и е правосилна.

„Не сакаме физичка конфронтација. Ние не го употребуваме неговиот див речник, бидејќи ние сме едуцирани на друг начин. Би ми бил срам за годините што ги имам да употребам таков речник. Сите внатрешни акти се почитувани. Ако сака тој нека тужи”, рече Бузаку.

Прашан кога ќе дојде до примопредавањето на функцијата, тој одговори дека се ќе се случи на институцален пат.

„Ние ќе бараме од Судот привремена мерка за да ми се овозможи да одам до канцелариите, иако канцелариите не го прават никој Реис, канцеларии има колку сакаш”, рече Бузаку.

Арменд Мурселу