Бузаку: Реџепи има рок до 11:30 часот или сите ќе слушнат за неговите криминали


Бузаку во изјава за „Независен весник“ одговара дека не е првпат од поглаварот на ИВЗ да слушнеме навредливи изјави, поради што не сакаше да ги коментира. Ако Реџепи до утре во 11:30 часот не се повлече од ИВЗ најавува дека ќе ја објави првата „бомба“.

„Го повикувам од морални причини да ја напушти ИВЗ, затоа што објавата на документите што ги поседувам ќе биде лоша за него, но и за целокупната верска заедница и за нас како нови генерации. Не е добро да видат верниците каде завршиле парите што ги донирале. Сепак, доколку продолжи да го узурпира ИВЗ, тогаш ќе мора да ги објавиме овие скандали”, вели Бузаку.