Бузаку пред ИВЗ бара од Реџепи за 72 часа да даде оставка или ќе објави ,,бомби“


На вратата на седиштето на Исламската верска заедница е поставен часовник кој го одбројува ултиматумот за повлекување на Сулејман Реџепи од ИВЗ. Ултиматумот е поставен од Скендер Бузаку според кој доколку не се повлекува Реџепи тој ќе објави докази и факти за криминал од кои како што рече цела земја ќе се чуди.

„Пораката до Сулејман Реџепи е ова, ослободете го ИВЗ за 72 часа, и ако тој не даде оставка, тогаш имаме страшни факти, застрашувачки докази“, рече Бузаку.

Пред седиштето на ИВЗ има и зголемено присуство на полициски службеници.