Бутел е подготвен за учебната година – Ранчињата и приборот се тука, униформите ќе пристигнат


Општина Бутел е подготвена за новата учебна година, порача денеска градоначалникот на општината Дарко Костовски кој оствари работен состанок со директорите на основни општински училишта и директорката на градинката.

– Разговаравме за тековните активносни и претстојната учебна година. Сите општински основни училишта се подготвени за почетокот на новата училишта година. Летниот период беше активно искорситен за реконструкции и реновирања во училиштата. Се реконструираат и тоалетите во дел од училиштата како и останато партнерно уредување, информира Костовски.

Тој и ги информираше директорите дека ранче и училишен прибор е обезбеден за првачињата, а дека во текот на првото тромесечие за сите ученици ќе пристигнат и униформите.