Бутан за седум дена ги вакцинираше сите, претходно, ѕвездите не беа поволни

Кога Индија во јануари му подари на Бутан вакцини против Ковид-19, соседното кралство направи необичен избор. Место да брза да ги вакцинира 800.000 граѓани, владата бараше совет од Зунг Дратшанг, тело на будистички монаси, пишува Економист.
Ѕвездите не се поволни, рекоа. Подобро да се почека два месеца, а потоа прва доза да се даде на жена родена во Годината на мајмунот.
Така Бутан причека до 27 март, пред да ѝ ја даде првата доза на Нинда Дема. Вакцинацијата се изврши во училиште во градот Тиампу, во поволен час 9.30 наутро, по што беа изговорени молитви и запалени ламби. Но, од тој момент не се чекаше повеќе, па во рок од една недела соборен е светскиот рекорд со вакцинирање 85 отсто од возрасните во Бутан. Само две земји, Израел и Сејшели, вакцинирале поголем број луѓе, но за тоа им требаше повеќе време.
Заслугите не им припаѓаат само на астролозите од Бутан, туку и на неговите политички лидери. Јингме Кесар Намгиел Вангчук, „Крал на змејовите“, ги формира Чуварите на мирот, корпус на државна служба во портокалови комбинезони, кои помогнаа да се воспостават и да се вработат луѓе во повеќе од 1.200 пунктови за вакцинирање ширум земјата. (Претходно пишувавме дека Бутан само 318 лекари, 3.000 други здравствени работници и еден ПЦР апарат).
Премиерот, Лотај Церинг, и самиот е доктор, а министерката за здравство Дешен Вангмо, има диплома на кардиолог и епидемиолог на престижни американски универзитети.
Избрана во 2018 година на платформа која го истакнуваше јавното здравје, нивната влада енергично реагираше на пандемијата. Карантинските мерки беа строги. Во март самиот крал си спроведе задолжителен карантин од една недела по враќањето од јужните краишта во земјата во Тиампу, а премиерот се затвори 21 ден по службеното патување во Бангладеш.
Премиерот Церинг, објасува дека причина за тоа е што логистиката за складирање и испорака на вакцините е сложена, а бидејќи некои луѓе страдаат од нус-појави и дека на сите ќе им треба дополнителна доза вакцина, имаше смисла да се поттикне јавноста на вакцинација претварајќи ја кампањата во интересна национална случка. Густиот распоред беше разбирлив и од друга причина. Индија, традиционалниот добротвор на Бутан, на својот сојузник не му ги испрати сите потребни залихи одеднаш. Со брзината на вакцинација, Бутан изврши суптилен притисок на Индија, која во сопствената држава се соочува со проблеми со достава, наскоро да ги испорача и дополнителните вакцини.
Иако Бутан имаше само еден смртен случаи од корона вирус, не помина сè без проблеми. Невработеноста е рекордно висока, иако само 5 отсто.
Цената на зеленото чили, главна состојка во осносвното бутанско јадење достигна цена од 10 долари по килограм. Министерот за внатрешни работи, неодамна поднесе оставка поради наводно лажно барање за осигурување на неговото возило. Без оглед на сè, тоа се проблеми кои остатокот од светот би сакал да ги има.