Бура ја погоди Австралија: Зградите без струја, дрвјата искорнати


Десетици илјади домаќинства и фирми останаа без струја, зградите се оштетени, а дрвјата се од корен искорнати во силната бура која го погоди западниот брег на Австралија.

Бурата втор ден беснее на западниот брег, а за сега нема извештаи за повредени.

Надлежен од Одделението за пожари и вонредна служба на Западна Австралија Џон Брумхол вели дека ваква бура се случува еднаш во десет години.

Бурата погоди област од 1.200 километри од Канарвон до Кејп Луино, вклучувајќи го и главниот град на државата Перт, со налети од ветар посилни од 90 километри на час во текот на ноќта, рече шефот на Метеотролошкото биро Нил Бенет.

Брзината на ветрот достигнуваше и до 132 километри на час, што е најголема брзина забележана од 2005 година наваму.

Силен дожд имаше на брегот долг 1.500 километри, а дождот и брановите високи осум метри предизвикаа поплави, вели Бенет.

Невремето се очекува да се смири денеска попладне по локално време.

Околу 65.000 домаќинства и фирми останаа без струја во екот на бурата, но во меѓувреме снабдувањето е воспоставено за повеќето корисници, додке ауште 24.000 немаат струја, рече премиерот за Западна Австралија, Марк Макгоун.

Бурата погоди невообичаено голема област, а таа е остаток од циклонот Манга, кој се движеше југоисточно и се судри студен бран во јужниот Индиски Океан.

Западна Австралија е една од најголемите држави или провинции во светот. За споредба Алјаска опфаќа две третини од површината на таа автралиска држава.