Бунт во бразилски затвор – се држат чувари како заложници


Затвореници од затворот во Манаус, Бразил, тешко погоден од корона вирусот, денеска зедоа затворски чувари како заложници, пишува Ројтерс.
По избивањето на овој инцидент во затворот Ројтерс потсетува на бран насилства во затворите кој ја зафати земјата последните години.
Причините за бунтот во Казнено-поправниот затвор не се сосем јасни, но локалните телевизии пренесуваат видео снимка кој наводно ја снимил затвореник, а кој се жали на условите – преголема жештина и недостаток на струја во затворот.
Во изјава претставници на затворот велат дека нема информации дали некој настрадал од почетокот на бунтот до сега, но заробениците барале присуство на медиуми и групи за човекови права.
Ројтерс потсетува дека насилство постои во бразилските затвори, во кои организираниот криминал има  контрола.
Пренатрупаноста е вообичаена, а затворениците немаат ни кај да легнат.
Во јануари 2017 година убиени беа речиси 150 затвореници, додека организирани криминални групи војуваа низ затворите. Некои затвореници беа обезглавувани, а телата фрлани преку затворските ѕидови.
Лани избодени или задавени се 50 затвореници.
Од затворскиот секретаријат за Ројтерс велат дека полициски единици се распоредени по затворот од утрово, кога почнале преговори.