„Букер“ за најдобар роман на англиски јазик ја доби Шкотланѓанец кој живее во Њујорк 


САД– Наградата „Букер“ за најдобар роман на англиски јазик годинава ја доби Шкотланѓанецот Даглас Стујарт (44) за романот „Шаги Бејн“,(“Shuggie Bein”).

Ова е негов прв роман и е заснован на вистински настани од детството на авторот – раскажува за животот на едно момче кое се обидува да ја одврати својата мајка од алкохолизм, во сиромашниот дел на Глазгов во 1980-те години.

Стујарт е втор Шкотланѓанец кој ја добива престижната награда „Букер“. Доделувањето беше синоќа во Лондон. На онлајн настанот учествуваа жената на принцот Чарлс,  Камила, поранешниот претседател на САД, Барак Обама, и лауреатите на наградата од минатите години – Маргарет Етвуд, Бернардин Еваристо и Кадзуо Исигуро.  

За литературната критичарка и член на жирото, Маргарет Басби, романот на Стујарт е понесувачки, трогателен и дава прецизен живопис на портрети на луѓе со нивните интереси и вредности. 

-Напишан елегантно и моќно, ова е роман кој влијае на нас и не тера да се соживееме со хероите, благодарејќи на мноштвото емоционални регистри, изјави Басби на доделувањето на наградата. 

За наградата „Букер“ годинава се бореа книгите „Burnt Sugar на Евнила Доши, This Mournable Body“ на Цици Дангарембги, „The New Wilderness“ на Дајан Кук,  „Real Life“ на Брендон Тејлор и „The Shadow King“ на Маази Менгисте.

Наградата се врачува од 1969 година, но од неодамна почна да се доделува за дела на англиски јазик неависно од местото на жителството на авторот. На својот Твитер налог  Стујарт има забележено дека живее во Њујорк.