Бујар Османи најавува уредба на Владата против лажни вести


Вицепремиерот Бујар Османи на Фејсбук најави дека Владата ќе донесе уредба против објавување лажни вести во вонредна состојба.

Ваквата најава Османи ја даде како реакција на пишувањето на порталот „Алмакос“ кој, повикувајќи се на негова изјава, објавил дека само со дозвола оџите можат да пејат рано насабајле во џамија. Османи  објави и прит скрин од текстот на „Алмакос“ прешкртан со црвена боја.