Бујар Османи го осуди убиството на косовскиот полицаец
Македонскиот министер за надворешни работи Бујар Османи се приклучи на осудата на убиството на косовскиот полицаец на северот на Косово што ја ескалира ситуацијата во државата.
„Најостро го осудувам убиството на полицаец во северниот дел на Косово. Моето срце е со неговото семејство и колегите. Целосна поддршка, сторителите на овој грозоморен чин да бидат изведени пред лицето на правдата. Актите на насилство нема да ја поткопаат стабилноста на Косово. Безбедноста на граѓаните на прво место“, напиша Османи.