„Бугати“ го покажа хиперавтомобилот „диво“, луксуз од 5 милиони евра

 

Автомобилската компанија „Бугати“ моделот „диво“ го претстави во 2018 година, а сега го откри изгледот на првите примероци подготвени за испорака на купувачите.

Од компанијата истакнаа дека првиот произведен модел значи крај на предизвикувачкиот период ана развој кој трањеше две години. Резултатите се восхитувачки. За француската компанија „диво“ не е само упте еден хиперавтомобил, туку сигнализира нешто ново.

„Со „диво“ почнува нова ера за „Бугати“, ера на модерна технологија’, изјави претседателот на компанијата Стефан Винклман, Тој рече дека „диво“ е ремекдело во производството на автомобили.

Оваа нова ера му овозможува на „Бугати“ да ја промени и прилагоди технологијата на автомобили, што е и направено кога „широн“ се претвори во „диво“. Ограничувањето на максималната брзина на моделот „диво“ на 380 км/ч му даде на „Бугати“ слобода во развојот.

Винклман рече дека „диво“ визуелно и технолошки е независен модел, и дека само треба да го погледнете и ќе го воочите тоа.

Профилот е поелегантен и изгледа повеќе спортски од „шитон“. Напред, отворите на предниот капак ја намалуваат површината на возилото и го подобруваат протокот на воздух, додека новиот спојлер го лепи автомобилот на земја. Исто така, помага и во насочувањето на воздухот во предните вшмукувачи и помага во ладењето на кочниците.

Назад има уникатни 3D светка со 44 ламбички кои одлично се сложуваа со тенките LEDсветла напред. Спроводникот за воздух NACA на поктивот помага дополнителен воздух да оди во 8,0-литарскиот W16 мотор кој развива 1.500 коњски сили.

„Бугати“ планира да произведе само 40 вакви автомобили, а секој чини најмалку пет милиони евра. Како што можеше да се очекува сите се веќе распродадени.