Бугарските пратеници во комисијата затечени од македонското „не“

Во бугарското собрание не е на расправа само францускиот предлог за кревање на ветото на Софија кон Скопје, туку се доставени уште три други предлог-одлуки – на ДПС, ГЕРБ и Демократска Бугарија. Во моментов собраниската комисија за надворешни работи расправа за францускиот предлог, за што уводно излагање имаше министерката за надворешни работи, Теодора Генчовска, но како што пишуваат бугарските медиуми шансите францсукиот предлог да не помине во собранието се поголеми од оние да помине.
И додека бугарските пратеници расправаа од Брисел стигна веста дека македонскиот премиер го отфрли францускиот предлог.
Министерката Генчовска (ИТН) рече дека испратила извештај за случувањата во Македонија. Откако ја замолија да го прочита, таа предупреди дека може да стане досадно.
Таа рече дека е постигнат значителен напредок во отпорот на позицијата на Бугарија.
Генчовска посочи дека протоколот меѓу Софија и Скопје со конкретни мерки за спроведување на договорот за Добрососедство од 2017 година мора да биде потпишан пред Бугарија да ја одобри преговарачката рамка и во рамката да има референца спрема протоколот. Без потпишан протокол, преговарачката рамка не ги обезбедува потребните гаранции за отворените прашања, рече Генчовска
Притоа, таа истакна дека нацрт-преговарачката рамка има референца за македонскиот јазик и тоа не одговара на бугарската позиција.
Во нејзинито излагање францускиот предлог беше оценет многу позитивно.
Генчовска посочи дека протоколот меѓу Софија и Скопје со конкретни мерки за спроведување на договорот за добрососедство од 2017 година мора да биде потпишан пред Бугарија да ја одобри преговарачката рамка и да има референца на неа. Без потпишан протокол, преговарачката рамка не ги обезбедува потребните гаранции за отворените прашања.
Притоа, таа истакна дека нацрт-преговарачката рамка има референца за македонскиот јазик, што не соодветствува со бугарската позиција.
Во нејзиниот извештај во целина, т.н еден француски предлог беше многу пофален.
Од Генчовска беше побарано и да го прочита нејзиниот предлог до Министерскиот совет, кој беше одбиен, но се покажа дека нема доволно примероци.
Кристијан Вигенин од БСП, кој претходно рече дека нема да го поддржи францускиот предлог, повика да се почека и да се анализира во целост. Двајкцата нови партнери од опозицијата, Преродба и Има таков народ, го отфрлија францускиот предлог.
Екатерина Захариева од ГЕРБ рече дека ќе има време да се потпише протоколот.