Бугарските барања ги оспоруваат и грчките позиции
„Од грчка перспектива, спротивставувањето на Бугарија за влез на Северна Македонија во ЕУ е понижувачко. Не само што ја поткопа засилената позиција на Грција да ги подржува земјите од Балканот кон влез во ЕУ, туку ја поткопува и одлуката на Грција да го признае македонски јазик во 2018 година. Атина ефикасно се вклучи во спор што не ги засега, особено затоа што не постои специфичен меѓународен договор што го дефинира јазикот“, се вели во написот на грчкиот медиум.
Договорот од Преспа во 2018 година со кој се реши името на „Северна Македонија“ меѓу Атина и Скопје, беше потпишан единствено за да може Северна Македонија да влезе во НАТО. Со право во коментарот на написот авторот прашува „зошто Бугарија не се противеше на влезот на Македонија во НАТО, а тоа го прави пред приемот во ЕУ“?
„Ова сугерира дека Бугарија сметала дека отпорот кон руското влијание на Балканот е поголем приоритет отколку мелиорацијата на бугарскиот јазик и идентитет во Северна Македонија. Ова, се разбира, е чудна одлука, дури и кога се игнорира заедничката религија, азбука и словенско- бугарско наследство на Бугарија со Русија“, вели во коментарот „Greek City Times” и додава: „Иако независноста на Бугарија беше обезбедена само благодарение на руската помош против Отоманската империја“.
Според проценките на медиумот Бугарија најверојатно ќе стави вето на процесот за започнување на пристапот на Северна Македонија во ЕУ. За Брисел ова нема да биде главно прашање бидејќи тие веќе се справуваат со вториот бран КОВИД-19, турската агресија против две земји-членки и новиот бран тероризам што веќе ги погоди Франција и Австрија.