Бугарскиот претседател Радев денеска ќе положи заклетва за вториот мандат


Дали ова е политика на старата или новата бугарска влада, или на претседателот Румен Радев

Бугарскиот претседател Румен Радев и потпретседателката Илијана Јотова денеска ќе положат заклетва за својот втор мандат пред Народното собрание. Како што јави дописникот на МИА од Софија, на церемонијата се поканети премиерот Кирил Петков, членовите на бугарската Влада, членови на Уставниот суд, странски дипломати, на регистрираните вероисоповеди во Бугарија, како и претходните претседатели на земјата и претседатели на Народното собрание.

По полагањето заклетва, претседателот Радев ќе има обраќање кон народот и до Народното собрание.

Во програмата е предвидено бугарскиот патријарх Неофит во Патријаршискиот соборен храм „Св. Александар Невски“ да ги пречека претседателот Радев и потпретседателката Јотова и по повод нивното стапување на должноста да оддржи свечен молебден, а шефот на државата ќе го поздрави и со свечен говор, со желби за милосрдна Божја поддршка за негово мирно и плодотворно служње на бугарскиот народ.