Бугарската опозиција бара смена на претседателката на Парламентот


Бугарската опозиција бара оставка на претседателката на Парламентот Цвета Карајанчева, јави БГНЕС.

Од парламентарната говорница, претседателката на Бугарската социјалистичка партија (БСП) Корнелија Нинова порача дека постојат пет аргументи во корист на тоа дека Карајанчева треба да ја напушти функцијата..

– Првиот – непознавање на Уставот на Република Бугарија и кршење на Деловникот за работа на Националното собрание, кое согласно одлука на Уставниот суд има сила на закон. Второ – поставување на законодавниот дом во подредена улога на извршната власт и претворање на Националното собрание во додаток на волјата на еден човек, премиерот (Бојко) Борисов. Трето – грубо кршење на правилата на законодавниот процес и влошување на квалитетот на законите. Четврто – непочитување на принципите на транспарентност и јавност во работата на Парламентот и петто – зборови, проценки и однесување што го нарушуваат авторитетот на институцијата , рече Корнелија Нинова пред пратениците.