Бугарската наука не се откажува: 24 Мај е ден на бугарската азбука


Бугарија денес  за прв пат слави го слави 24 Мај со новото име. Од декември, со измена на законот на иницијатива на ВМРО, празникот е преименуван во „Ден на Светите браќа Кирил и Методиј, на бугарската азбука,  на образованието,културата и словенска литература“. Претходното име на празникот беше „Ден на бугарското образование и култура и на словенско писмо“. Празнични поворки ќе се одржат на улиците на многу бугарски градови, општините планираат  концерти и  награди на истакнати уметници и просветни работници. Ќе се одржи и „Парада на буквите“ и „Звукот на литературата“ во Софија, а балони со бугарски букви традиционално ќе летаат на небото.Бугарска литература ќе се слуша низ целиот празник на плоштадот Славејков преку специјалната инсталација „Звукот на бугарската литература“ при што ќе бидат претставени омилени дела на современи бугарски автори и незаборавни класици.

„Празникот 24 мај е и треба да остане единствениот неполитизиран празник што го признаваат апсолутно сите. Не само од учениците, не само младите и нивните наставници, туку апсолутно сите бугарски граѓани“, изјавил по тој повод во интервју за БГНЕС, професор доктор  Емануел Мутафов, византист и директор на Институтот за проучување на уметноста при Бугарската академија на науките.

„Многу ми е драго што минатата година, по големите полемики во кои беше вклучена научната заедница  успеавме да го преименуваме овој празник. Треба да носи соодветна порака за современиците и нашите соседи, кои периодично ја нарушуваат нашата историја “, рече Мутафов.

„Најголемата победа во оваа формулација е воведување на бугарската азбука, бидејќи на овој начин признаваме дека кирилицата и глаголицата се создадени на бугарска територија и дека тие се мотор за христијанизација на источна Европа, што значи инвазија на цивилизацијата. Исклучително важен чин што го трансформира старобугарскиот јазик, кој неодамна се нарече црковнословенски јазик во странство, не само на официјалниот јазик на христијанството, туку и на Лингва Франка, кој е наменет за интелигентни и образовани луѓе. Не случајно до крајот на 17 век, во современите романски земји, аристократијата и црквата пишуваа и зборуваа на старобугарски јазик “, рече Мутафов.

„На овој ден ги славиме сопствените духовни победи, го славиме сопственото образование. На овој начин стануваме одговорни пред тоа, а одговорноста се пренесува на нашите наследници да зачуваат исто толку од нашата традиција, да го  негуваат духот на гордост дека Бугарите создадоа нешто големо како азбуката и литературата пренесена на сите Словени во Југоисточна Европа. Ова е исклучителен ден, треба да го почестиме со гордост и да го прославиме на најинтелигентен начин “, рече тој.

Со ист став излезе и министерот за образование на културата Николај Денков.

„Денес е еден од најважните бугарски празници, симбол на достоинството, традицијата и духовноста, на кој му оддаваме почит на големото дело на светите браќа Кирил и Методиј. Создавањето на бугарската азбука е еден од најзабележителните настани во историјата на човечката култура. Неговата важност одамна ги надмина границите на Бугарија и остави свој белег во развојот на цела Европа и пошироко. Денес Бугарија е дел од заедницата што обединува многу земји од Стариот континент, а нашата азбука, заедно со латинската  и грчката, е една од трите азбуки на оваа заедница. Бугарскиот збор е свет! Нè обединува како нација и нè прави горди што сме различни и единствени. Во светското културно наследство името Бугарија секогаш ќе блесне со буквите на солунските браќа и со првите зборови преведени од Константин-Кирил Филозоф на бугарски јазик: „На почетокот беше зборот…“, порача министерот за образование Денков.

За разлика од нив, бугарскиот претседател при посетата на Србија вчера и средбата со претседателот Алекасандар Вучиќ не спомена дека станува збор за бугарска азбука, туку дипломатски порача дека „двата народа имаат духовна и историска блискост, заедничка историја, но и заедничка иднина“.

Тој порача дека „споменикот покажува како двата народи со почитување се однесуваат кон разликите и како на разумен начин се решава она што ги оддалечувало и да можат и на другите држави во регионот да им покажат како се гради пријателство и како се почитуваат историски корени“., рече Радев, пренесува МИА.

Радев изјави дека се блиски со Србија не само географски, туку и духовно.

„Токму Кирил и Методиј ја покажаа оваа блискост низ вековите бидејќи пишуваме на истата азбука, со што малку луѓе можат да се пофалат“, рече Радев.