Шакира и Пике се разделиле поради скопјанка


Познатата македонска блогерка и модел Драгана Спасовска е жената поради која поп-ѕвездата Шакира и славниот шпански фудбалер Жерар Пике ставија крај на нивната 12-годишна врска од која имаат и два сина, тврдат бугарските медиуми.

Тамошните портали за Спасовска пишуваат дека е модел од Пловдив која веќе подолго време живее и работи во Дубаи.

„Фокус“ успеа да стапи во контакт со Драгана која е родена во Скопје, од татко Македонец и мајка Бугарка.

„Нормално дека се познаваме со Пике, имаме и заеднички фотографии, тоа е нешто кое не можам да го демантирам. Во Бугарија веќе се објавија и фотографиите.. Но, за сите други детали, за сето она кое деновиве ја бранува јавноста, не смеам да зборувам сега. Апсолутно ништо во врска со него сега не смеам да изјавувам и да давам никаков коментар. Приказната за нас е доста актуелна во Бугарија, но јас ниту би потврдила, ниту би демантирала во овој период, се надевам дека ме разбирате“, вели Спасовска за „Фокус“.