Бугарија вратила 11,6 тони пиперки од Македонија поради пестицид


Бугарските власти вратиле пратка од 11,6 тони пиперки од Македонија, откако лабораториските анализи покажале присуство на пестицидот форметанат над дозволената граница.

Пратката пристигнала преку граничниот премин Златарево и била наменета за трговец во Петрич.

Пиперките биле задржани и ставени под забрана за продажба додека се чекале резултатите од анализите.Откако било потврдено дека нивото на пестицидот е над дозволеното, бугарската Агенција за безбедност на храната наредила целото количество да биде вратено во земјата на потекло, при што пиперките не биле пуштени во продажба во Бугарија.