Бугарија во уште еден јазол по денешните избори
ГЕРБ победи, но тоа е победа без триумф. Тешко дека ќе може да формира влада. Проруската партија Преродба го удвои бројот на гласовите од изборите лани во ноември
Има еден јасен победник во Бугарија на денешните избори – ГЕРБ, но политичката сцена и натаму е раздробена без јасна перспектива како би можело да се направи регуларна поличка влада. Ниедна од , условно речено, спротивставените групации нема парламентарно мнозинство и нејасно е како би можело да се стигне до него. Работите, според првите реакции на бугарските аналитичари наведуваат на уште едни избори за три месеци.
Излезните анкети на агенциите „Галуп“ и „Алфа рисрч“ се речиси еднакви со предизборните истражувања на јавното мислење. ГЕРБ според „Алфа рисрч“ има добиено 25,5 отсто од гласовите (а според „Галуп“ 24,4 осто); Продоложуваме со промената на поранешниот премиер Кирил Петков има 19,9 (18,8). По нив следат партијата на Турците ДПС со 14, 4 отсто според „Алфа рисрч“ (14,5), па БСП сп 10,2, националистичките русофили од Преродба со 10 отсто, Демократска Бугари со 7,9 отсто, а околу самиот праг од 4 отсто се Има такоб народ и Бугарски подем на поранешниот течнички премиер Стефан Јанев. ВМРО на Красимир Каракачанов е некаде околу 1 отсто.
Излезноста, заедно со онаа во странство, е исклучително ниска – само 37,1 проценти, шо покажува драматична апатија кај бугарските граѓани и неверувањето дека полтитичарите може на подобро да ги промеан нивните животи.
Според овие излезни анкети два моменти се истакнуваат од ова гласање – ГЕРБ си го поврати тврдото изборно тело и ќе го зголеми бројот на пратениците од шест до 10; и тоа дека проруската партија Преродба го удвои резултатот од ланските избори во ноември. Продолжуваме со промена загуби пет до седум процентни поени, што е резултат на конфузната четирипартитна влада што ја предводеше Петков. Но иако ГЕРБ победи (би требало да има 66 мандати во 240-члениот парламент) пак малку од партиите би сакале да влезат во коалиција со Бојко Борисов, кој е парадигма за корупцијата во Бугарија. Можеби ако тој не е мандатар би се подотвориле некои врати. Како и дистанцирањето од власта на ДПС.
Сентралната изборна комисија уште не почнала да ги објавува официјалните резултати. Некои од овие податоци можат да се променат кога ќе стигнат резултатите од гласањето во странство, со кои Продолжуваме на промената може да го подобри својот биланс, но и ДПС кога ќе почнат да се пребројуваат гласачките ливчиња од Турција.
Ваквиот инконклузивен резултат доаѓа во најлошото можно време – енергетската криза и инфлацијата (како и во другите европски земји), а ако новото собрание не може да носи важни одлуки, како за буџетот во народениот период, ќе ја стави Бугарија во прилично компликувана ситуација. (Н.В.)