Бугарија: ВМРО сака да влезе во собранието преку листите на Бугарски подем
Партијата на Ангел Џамбаски, ВМРО, се обидува преку заедничките листи со Бугарски подем да најде начин да влезе во следниот бугарски парламент по изборите на 2 април. Бугарски подем ќе учествува самостојно на изборите, изјави денеска лидерот на партијата, поранешниот технички премиер, Стефан Јанев, за телевизија Нова. Но тој нагласи дека се преговара со ВМРО и граѓански организации да се состават заеднички листи и дека тоа ќе се знае до крајот на неделава.
На изборите во октомври Бугарски подем како нова партија успеа да го помине прагот за влез во парламентот освојувајќи 4,63 отсто од гласовите, додека ВМРО пропадна целосно со поддршка од само 0,81 проценти. Некои од истражувачките агенции во Бугарија во своите анкети веќе ги ставаат двете партии заедно. Во анкетата на „Галуп“ објавена минатата недела, тие две партии би добиле заедно 4,2 отсто од гласовите и нивната листа би влегла во собранието.
Некои од партиите кои настапија заедно со Јанев на изборите во октомври сега се оддалечија од него поради „недостиг на колициска и политичка култура и неразбирање за политиките“.