Бугарија со нови 327 заразени, 10 починаа


 

Во соседна Бугарија, во последните 24 часа од корона вирус заболеа уште 327 лица, додека 10 починаа.

Тестирани се 2.257 лица, од кои 14,49 отсто биле позитивни на вирусот, пренесува БТА.

Во Бгарија во моментот активни се 18.441 случаи, од кои 146 се во болница.

Најмногу заболени има во Софија.