Бугарија со 174 новозаразени, починаа тројца


Бугарија денеска забележа 174 нови случаи со корона вирус, 19 повеќе од вчера, а ввкупниот број во земјата достигна 18.390.

Во истиот период починаа тројца пациенти, а вкупниот број сега изнесува 739.

БНа лекуање во болница се 744 пациенти, од кои 43 на одделенијата за интензивна нега.

Од почетокот на пандемијата до сега оздравеа 13.241.

Во изминатите 24 часа биле тестирани 4.835 луѓе на Ковид-19.

Во Бугарија однемува медицински персонал, особено меѓу лекарите каде се забележани 1.027 случаи на инфекција.

Бугарија своите први случаи на заразени ги пријави на 8 март. Прогласи вонредна состојба од 13 март до 14 мај

Сега е на сила вонредна состојба поради епидемиолошката ситуација, која е продолжена до крајот на септември.
Растојание и носење маски се задолжителни во затворени јавни места и во транспортот.