Бугарија, сепак, нема да испраќа оружје во Украина
Бугарскиот парламентот го одобри обезбедувањето воено-техничка помош за Украина, но тоа ќе вклучува само поправка на украинската воена опрема, а исклучува испраќање оружје и муниција.
Одлуката се подготвуваше неколку дена и им дозволи на социјалистите да останат во владината коалиција и покрај тоа што се закануваа дека ќе ја напуштат доколку биде се стигне до воена помош.
Парламентот ги отфрли предлозите на ГЕРБ и Демократска Бугарија за обезбедување воена помош на Украина и усвои поопшт предлог.
Предлогот доби масовна поддршка од 200 пратеници од сите пратенички групи освен од партијата Преродба. ГЕРБ гласањето го опиша како „ништо“, иако и тие го поддржаа.