Бугарија: Пропадна идејата на Слави Трифунов за претседателска република

Партијата Има таков народ успеа да собере 145 илјади потписи за реферндум, а се потребни 200.000


 

Иницијативата на партијата Има таков народ за собирање потписи за референдум за менување на Бугарија во претседателска република заврши неуспешно. За трите месеци одредени од законот за собирање потписи партијата успеала да собере само 145.193, стои во објавата на лидерот на Слави Трифонов на Фејсбук.

Според важечкиот закон, за барањето за референдум да го разгледа собранието, иницијативната комисија треба да има собрано минимум 200.000 валидни потписи. Трифонов забележува дека потписите што ги собра Има таков народ не се доволни и сега нема да се покрене ваков референдум.

Неговата партија покрена петиција за референдум за свикување на Големото национално собрание за да се одлучи за преминување во претседателска република на 24 јануари, а рокот за собирање потписи истече на 23 април.