Игор Спасов од Бугарија е префрлен во затворот „Идризово“


Пребеганиот поранешен полициски службеник Игор Спасов, е екстрадиран во земјава и вратен во затворот „Идризово“ каде што треба да а доиздржи казната од 14-години  затвор за убиството на Мартин Нешкоски во 2011-та на скопскиот плоштад.

По барањето на Министерството за правда до бугарските органи за екстрадиција на лицето Игор Спасов назад во Северна Македонија, на 26.02.2021 Градскиот суд во Софија, донесе одлука да дозволи негова итна екстрадиција назад во земјата, соопшти Министерството за правда.

Барањето за екстрадиција на 10.02.2021 го потпиша Министерот за правда Бојан Маричиќ, се вели во соопштението до медиумите.

Спасов беше уапсен во Софија откако беше пријавен за семејно насилство. Спасов е во бегство од октомври 2019 година, откако доби отпуст од затвор за да се лекува. Тој потоа никогаш не се врати да ја доотслужи преостанатата казна од 7 години. Спасов беше осуден на 14 години затвор за убиство на Мартин Нешковски на 5 јуни 2011 кога ВМРО ДПМНЕ славеше изборна победа на плоштадот во Скопје.