Бугарија постави краен рок за воведување на еврото


Бугарското Министерство за финансии денеска соопшти дека земјата се подготвува да го воведе еврото најдоцна до 2025 година.

Според информациите, за ова било разговарано на средбите на министерката за финансии Росица Велкова со претседателот на Еврогрупата Паскал Донаху и европскиот комесар Валдис Домбровскис за време на состанокот на ЕКОФИН на 27 и 28 април, пишува Новините.

„Членството во еврозоната е приоритет за нашата земја. Продолжува активната работа на државата за подготовка за усвојување на единствена европска валута, како во техничкиот така и во законодавниот дел“, се наведува во соопштението.