Бугарија од утре останува без гас, Москва ги затвора славините


 

Русија вечерва објави дека ја прекинува испораката на гас за Бугарија од утре, среда, 27 април. Москва соопшти дека ја прекинува испораката на гас и за Полска.

„Денеска, 26 април, ‘Булгаргаз’ доби известување дека испораките на природен гас од ‘Гаспром експорт’ ќе бидат прекинати од 27 април 2022 година“, соопшти Министерството за енергетика по 22 часот по бугарско време.

Според информациите, бугарската страна во целост ги исполнила своите обврски и навремено, строго и во согласност со неговите клаузули ги извршила сите плаќања што се бараат според овој договор.

Руската страна предложила нова процедура во две фази како Бугарија да плаќа за гасот. Анализата на државниот „Булгаргаз“ и Бугарскиот енергетски холдинг покажа дека тој е „неконзистентен со постојниот договор до крајот на оваа година и претставува значителен ризик за Бугарија, вклучително и плаќање без да добие воошто руски гас“.

Бугарија е речиси 100 отсто зависна од рускиот гас. Само мало количество доаѓа од Азербејџан.