Бугарија: најголем број на новозаразени од почетокот на 2021


Состојбата со корона вирусот во Бугарија наместо да се смирува повторно се влоши. Во последниве 24 часа е регистриран најголем број нови инфекции од почетокот на 2021 година – 1925. Од тестовите што биле правени со ПЦР и брзи антигени покажуваат дека 14 отсто од примероците се позитивни, додека минатата недела тој процент изнесуваше меѓу 9 и 10.

Потврдени се 79 смртни случаи од Ковид-19, со што вкупната бројка на починати се искачи на 9.933.

Вообичаено најголем пораст на новите инфекции е регистриран во Софија. Бројот на активни случаи изнесува 27.629, во болниците се наоѓаат 3.933 лица, од кои 334 се на интензивна нега.