Бугарија ќе финансира 16 проекти од различни сфери во Македонија


Бугарската амбасада во Скопје

 

Шеснаесет проекти во Македонија насочени кон развој на граѓанското општество, медиумски плурализам, соработка во областа на културата, подобрување на квалитетот на здравствената заштита, образованието ќе бидат финансирани од бугарската официјална развојна помош, соопшти бугарското министерство за надворешни работи. Договорите за грантови биле потпишани во бугарската амбасада во Скопје. Нивната вредност е околу 470 илјади евра.

Како што соопштува официјална Софија, корисници на помошта се невладини организации и претставници на локалната самоуправа. Изборот на проекти е во согласност со задачите на бугарската надворешна политика, меѓу кои се зајакнување на европската перспектива на земјите од Западен Балкан и стимулирање на социо-економскиот развој на земјите партнери.