Бугарија ќе ѝ донира на Македонија 51.480 дози од вакцината на „Фајзер“


Бугарија ќе ѝ донира на Македонија 51.480 дози од вакцината „комирнати“ на „Фајзер“, одлучи денеска владата во Софија. Министрите му предлагаат на собранието да го ратификува трипартитниот договор за донација помеѓу Бугарија, Македонија и „Фајзер/Бионтек“. Сите трошоци за испорака ќе бидат на товар на Македонија.

Оваа вакцина на „Фајзер“ може да се администрира на лица од 12 години па нагоре.

Бугарија плати и доби 5,14 милиони дози вакцини, а од нив дури 2,85 милиони не се искористени.