Бугарија ја зголемува минималната плата


Минималната плата во Бугарија од 1 јануари 2021 година ќе биде зголемена за 20 евра, пренесува бугарскиот портал Новините. Така, во иднина, „минималецот“ ќе биде околу 325 евра.

Организациите на работодавачи беа против зголемувањето.

Според овој портал, предложеното зголемување е во согласност со владината програма за следниот период и среднорочните предвидувања на бугарскиот буџет за периодот од 2020 до 2022 година, пренесе Танјуг.

Просечната плата во Бугарија во моментов е 665 евра.

Инаку, минималната плата е пропишана со закон во 21 земја на Европската унија, а во шест земји-членки е утврдена со колективни договори. Висината варира во зависност од животниот стандард, но и од развојот на земјата.

Според последните податоци на Европскиот завод за статистика, Евростат, Луксембург има највисок “минималец“ меѓу земјите-членки на ЕУ – 2.142 евра.