Бугарија ја продолжи вонредната состојба, денеска, нови 130 случаи


 

Бугарската влада одлучи да ја продолжи вонредната состојба до 15 јули поради новиот бран од корона вирус и зголемениот број новозаразени.

Ова денеска го соопшти бугарскиот министер за здравство Кирил Ананиев, јави ројтерс.

Бугарија неодамна, ги ублажи рестриктивните мерки, но минатата недела поради 606 нови случаи, што е најголем неделен пораст на бројот на заразени од почетокот на епидемијата, одлучи да ја продолжи вонредната состојба до 15 јули.

Утрово евидентирание се веќе 130 нови случаи, со што вкупниот број се искачи на 4.114 и 208 починати.