Бугарија ја предлага Меглена Кунева за комесар за човекови права на Советот на Европа


 

Поранешната еврокомесарка Меглена Кунева е бугарскиот кандидат за комесар за човекови права на Советот на Европа. Според соопштението на бугарското МНР таа им била претставена на дипломатите во Софија од земјите членки на Советот на Европа. Во соопштението се додава и дека Бугарија посветува големо внимание на прашањата за човековите права во меѓународните односи.

Меглена Кунева ги презентирала своите ставови за функцијата за која е предложена и одговарала на прашања на дипломатите на земјите-членки на организацијата.

На 11 јануари Советот на Европа објави дека тројца кандидати ќе се борат за функцијата генерален секретар на организацијата. Кандидати за наследник на Хрватката Марија Пејчиновиќ-Буриќ се актуелниот комесар за правда Дидие Рејндерс, поранешниот претседател на Швајцарија Ален Берсе и Естонецот Индрек Сар, министер за култура од 2015 до 2019 година.

Комесарот за човекови права е независна и непристрасна институција основана во 1999 година од Советот на Европа. Главната задача на комесарот е да промовира почитување на човековите права во сите 46 земји-членки на ЦЕ. Неговиот мандат е 6 години, без право на реизбор.

Меглена Кунева беше министерка за европски прашања во владите на Симеон од Саксобург и Сергеј Станишев од 2002 до 2006 година, по што стана еврокомесар за заштита на потрошувачите откако Бугарија стана членка на ЕУ. Таа има голема репутација во Унијата и е пшофалувана нејзината професионална способност.

Таа сега е шеф на делегацијата на ЕУ во Советот на Европа и е надлежна да ја осигура комуникацијата меѓу двете организации.