Бугарија е против војски на НАТО на нејзина територија

Според министерот за одбрана, Стефан Јанев, ваквата одлука нема да одговара на сојузничките интереси или националниот интерес на Бугарија.


Министерот за одбрана Стефан Јанев

 

Бугарскиот министерот за одбрана Стефан Јанев се изјасни против распоредувањето на војници на НАТО во државата. Барем не во оваа фаза. Според него, „нема неопходни околности што можат да ја оправдаат одлуката поврзана со распоредување дополнителни трупи на наша територија“.

Таквата одлука не би одговарала на сојузничките интереси или националниот интерес на Република Бугарија“, напиша Јанев на својот Фејсбук профил.

Тој по втор пат за два дена го коментираше пишувањето на германскиот магазин „Шпигел“, кое го цитираше командантот на силите на НАТО во Европа, американскиот генерал Тод Волтерс. Тој ја повика Алијансата да воспостави воено присуство во Бугарија и Романија како што веќе има во Полска и балтичките земји.

Јанев, како што пренесуваат бугарските медиуми, забележува дека во НАТО се разговара за различни опции за одговор, вклучително и распоредување на дополнителни трупи во Бугарија и Романија, по моделот на зголеменото присуство на фронтот.

„Во оваа фаза тие се на ниво на воено-техничка дискусија и не е донесена конечна одлука. Мојот став е дека таквата дебата, соодветно – пристапот, има потенцијал да доведе до непожелно зголемување на тензиите во регионот. Згора на тоа, во оваа фаза нема причина процесите да се сметаат за директна закана за Алијансата и релевантната безбедносна зона. Во оваа смисла, не верувам дека постојат неопходни околности што можат да ја оправдаат одлуката за распоредување дополнителни војници на наша територија“, напиша Јанев.