Бугарија е 34 места подолу од Македонија на скалата за слобода не медиумите


 

Иако Бугарија се искачи за 21 место на годишното рангирање на „Репортери без граници“ таа сѐ уште е на дното во регионот според Индексот на слободата на медиумите. Бугарија сега е на 91-то место. Сепак, ова е значително подобрување во однос на минатата година, кога земјата беше 112., за разлика од 111. пред неколку години.

Најниско место на рангирањето на Бугарија беше во 2016 година, кога падна на 113. место. Бугарија ја имаше највисоката позиција досега во 2002 година, пред да влезе во Европската унија, кога беше на 34. место на рангирањето. Последен пат Бугарија беше под 100-то место во 2013 година.

Овие податоци на „Репортери без граници“ покажуваат како политиката и олигархискиот бизнис (особено во времето на владите на премиерот Бојко Борисов) го урнисаа новинарството во Бугарија најмалку десетина години.

Интересно е што Бугарија според слободата на медиумите е зад сите земји од регионот што се кандидати за членство во ЕУ. Македонија е на 57. место (значи 34 места погоре), Косово е 61, Босна и Херцеговина 67, Србија 79. Напредокот на Бугарија на скалата е одраз на промената на власта во Софија на крајот на минатата година на третите по ред парламентарни избори во 2021.

Интересно е што Молдавија се искачи за дури 89 места и сега е 40-та. Тоа во голема мерка резултат на силно проевропската и демократска влада на претседателката Маја Санду.

Бугарија вечќе не е на последно место од земјите на Европската унија туку тоа е Грција, која доживеа страшен пад од 70 места. Грција сега се на оѓа на 108 место поради убиството на истражувачкиот новинар  кој пишуваше за криминалот, Јоргос Караивас во април 2021 година.