Бугарија денеска пријави нови 448 случаи со Ковид-19


 

Вкупно 448 нови случаи на зараза со корона вирус регистрирани се денеска во Бугарија, а тестирани биле 3.795.

Досгеа во Бугарија од Ковид-19 заболеа 24.319 луѓе од кои 7.610 се активни, пренесе бугарската агенција БТА.

Во болница се 1.189 пациенти, од кои 59 на респираот. Денеска починаа и четворица, со што вкупниот број умрени порасна на 891.

Најмногу новозаболени се во Софија – 161, потоа во Благоевград 55, па Варна со 49 и Пловдив со 42.