Бугарија бара одговори од САД зошто воведоа санкции според законот „Магнитски“


 

Врховното касационо обвинителство на Бугарија побара од Министерството за правда на САД да им достави информации врз основа на кои се воведени најновите санкции против бугарски државјани според глобалниот закон „Магнитски“. На списокот објавен неодамна од Вашингтон се најдоа поранешните министри Владислав Горанов и Румен Овчаров, директори на кулеарната централа Козолудуј. Одделно, Велика Британија ги стави под санкции Делјан Пеевски и Васил Бошков, веќе санкционирани од „Магнитски“ пред две години.

Бугарските медиуми пишуваат дека ваквата реакција е веќе видена затоа што и претходно обвинителството бараше одговори од САД за Пеевски за коруптивните зделки во кои бил вмешан тој. Потоа обвинителството на Бугарија соопшто дека Делјан Пеевски е чист по проверките од повеќе институции.

„Досиејата се проверуваат со цел да се соберат податоци за криминали извршени од бугарски државјани според бугарскиот кривичен законик. Доколку се утврдат податоци за такви злосторства, тие би биле во опсегот на Конвенцијата на ОН против корупција. Информации од надлежниот американски надлежните би помогнале за расчистување на предметот на започнатите увиди и за евентуална идна кривична истрага“, напиша обвинителството во писмото до американското министерство.