Бугарија: 255 новозаразени, починаа четворица

 

Во Бугарија во последните 24 часа меѓу 5.074 тестирани на корона вирус, откриени се 255 позитивни случаи.

Во ист временски интервал од последиците од Ковид-19 починаа четири пациенти, пренесе БТА:

Бројот на излечени пациенти од Ковид-19 зголемен е за 119 на 14.132.

Бугарија досега регистрира вкупно 19.828 заболени, а починати се 789.

Активни се 4.907. Во болница се лекуваат 782 пациенти, а 36 се на респиратор.