Бугарија: 163 новозаразени, починаа шест пациенти
Во Бугарија во последните 24 часа потврдени се 163 нови случаи со корона вирус, а починаа шест пациенти.
Во тој период тестирани се 5.443 примероци, пренесе БТА.
Во Бугарија во моментот активнис е 4.209 случаи.
Од почетокот на епидемијата инфицирани се вкупно 16.617 лица, од кои 648 починаа.