Бугарија ѝ предаде на Украина 100 советски оклопни транспортери


 

Софија му префрли на Киев сто советски оклопни транспортери, кои беа складирани во Бугарија од крајот на 80-тите години на минатиот век.

„Првиот воз од 30 вагони замина за Украина на 7 март; последниот воз тргна денеска. За извршување на логистички операции за транспорт, утовар, зајакнување и камуфлирање на воена опрема, употребени се 26 единици специјална опрема“, се вели во пораката на веб-страницата на бугарското Министерство за одбрана.

Како што појаснува украинското издание „Зеркало недели“, станува збор за сто „БТР-60“, кои биле складирани во магацините на Министерството за внатрешни работи и не биле користени.

Оклопните возила требаше да пристигнат во Украина минатото лето, но бугарскиот претседател Румен Радев стави вето на пратката на оклопните транспортери. Во декември минатата година, парламентот на земјата ја надгласа забраната на шефот на државата. На крајот на минатата година, бугарската парламентарна комисија за одбрана одлучи да ги префрли во Украина неисправните и воноперативни системи за воздушна одбрана и разни видови ракети.

Советскиот оклопен транспортер со тркала „БТР-60“ беше пуштен во употреба во 1959 година. Вкупно се произведени најмалку 15 илјади единици таква опрема.