Бугари побегнале од карантин во Италија


 

Група бугарски државјани кои живеат и работат во општината Мондрагоне, во близина на граодт Цасерта во јужна Италија, излегле на улица да протестираат.

Тие се ставени во карантин поради 50 случаи на новозаразени, од каде некои од нив побегнале.

И покрај на моменти напнатата атмосфера на овој протест силите на редот успале да воведат мир, а побунетите Бугару, повеќето сезонски работници на земјоделски имоти, се вратени во „црвената зона, која е прогласена пред три дена откако е откриено жариште на Ковид-19“.

Вчера 19 работници се пренесени во локалната болница а дел од станарите во станбениот објект познат под името „Екс цирио“, исченале соошти полицијата.

Се работи за главно сезонски работници, од кои многумина немаат уредни документи за престој и работа во Италија. Многумина побегнале од црвената зона – како што пишува АНСА, за да избегнат полициска контрола и евентуално губење на работата.